Прва, втора, трета…И така до 100. Чашите со вино, не ги брои претседателот на Србија Александар Вучиќ. Советничката за медиуми, се обиде да го одвои претседателот од чаша, но тоа не се случи, па директно се пренесуваше низ медиумите.
„Знаете, моите политички противници кога не знаат што друго да кажат, па сум се напил… И не знаат колку сум среќен што ги посетив сите штандови, сакајќи да бидам добар домаќин и да покажам почитување на трудот кој го вложиле…“, рече Вучиќ.
А претседателот ѝ беше добар домаќин ги посети сите штандови, ги проба сите вина.
„Ми броea луѓе, кој снимаше од почеток, повеќе од 100 чаши со вино испив, тоа што мене не ми е ништо, тоа е друга работа, но веќе нема смисла…“, рече Вучиќ.
А во виното е вистината, па претседателот на Србија на македонскиот премиер му кажа, зошто е поубаво да си претседател, отколку премиер.
„Еве да ти кажам која е убавината да си претседател, а не премиер. Ана (Брнабиќ) мораше да оди да работи, а јас само продолжив да пијам.“, вели тој.
„Јас морам да работам и да не пијам. Да бидам тука и да не пијам.“, рече Ковачевски.
На саемот за вино, храна и туризам македонскиот премиер се запозна и со синот на Вучиќ, кој исто така од минатата година има винарија.
„Синоќа Еди (Рама), работевме до 23.30 имавме сериозни разговори со Чавушоглу и сите меѓу себе. Во 23.30 заврши мојот работен ден. Може да замислите како би биле успешни да сме секогаш трезни и да не сме понекогаш помалку пијани. Кога толку работа успеавме да направиме па вчера и 17 саати да работиме така пијани.“, рече Вучиќ.
До скоро како и самите кажуваат се гледале преку нишан. Но изминатите денови можеше да почне и војна, но почна со здравица и така албанскиот премиер настапи во одбрана на Вучиќ.
„Видов дека претседателот беше малку зашеметен од сите тие чаши што ги проба и јас мислам дека повеќе зашеметено е да обвиниш некого, а ти мислиш дека си свесен во целост. Ако политиката завршува со мерење на алкохол во крвта кога станува збор за здравица и во патот на иднината има моменти каде што можеме малку да се зашеметени и да наздравиме“, изјави Рама.
На последниот ден од саемот, Вучиќ најави дека денеска повторно ќе ги посети сите штандови на саемот.
Поддршка на Отворен Балкан дадоа и шефовите на дипломатијата на Турција и Унгарија, а како што домаќините објаснуваат на поканите од оправдани причини не се појавиле Италија и Грција. Следниот состанок на Отворен Балкан е во Тирана, Албанија.
Од Белград за ТВ21, Јовица Пауноски.
