Пијан заспал на воланот, авто-пилотот му го спасил животот (ВИДЕО)

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Немила сцена е снимена со камера од мобилен телефон во Норвешка. Се работи за 24-годижен возач кој бил во алкохолизирана состојба, и возел модел на автомобил „Тесла“.

Во текот на возењето заспал или загубил свест, што го препознал системо на автомобилот. Така авто-пилотот превземал контрола и го сопрел возилото после влегувањето во тунел, пренесува „Електрек“.

Притоа на автомобилот автоматски биле активирани и предупредувачките сијалици, сите четири трепкачи, за останатите учесници во сообраќајот бидат предупредени.