„Пинг-понг со супер вештачењето за Алфа“ – Новата Влада дава надеж, се најавува разгледување на „монтираните случаи“

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Продолжува одолговлекувањето за давање мислење за супер вештачењето што беше направено во Србија за случајот „Алфа“.

За ова убиство беа обвинети и осудени на доживотен затвор Агим Ислами и Реџаил Ќерими. Вториот почина во затвор чекајќи ја правдата, додека Агим Ислами веќе 16 години е зад решетки и ја чека правдата.

Адвокатите од случајот „Алфа“ до Кривичниот суд, приложувајќи го супервештачењето како нов доказ, побараа повторно судење на предметот, додека Судот побара мислење од Обвинителството. Од таму, по месеци размислување, решија да побараат мислење од Бирото за судски вештачења. Бирото сега има задача да процени дали суперекспертизата е прифатлива. Нивната оценка потоа ќе биде вратена во Обвинителството, па повторно ќе размислат дали да даде зелено светло за повторно судење. Целата оваа постапка трае. Не со месеци, туку со години. Поради долготрајноста, од Судот велат дека работата е комплицирана и чувствителна.

Предметот е пратен во Заводот за судски вештачења, а откако ќе се добие одоговор истиот согласно Законот за кривична постапка ќе биде препратен на мислење кај надлежен јавен обвинител по кое мислење ќе се создадат услови за одлучување на Кривичниот совет по однос барањето за повторување на постапката. Се работи за исклучително сложен, комплекесен и сензитивен предмет за кој веќе се досудени доживотни казни во првостена постапка истата потврдена и од Апелациониот и Врховниот суд.

Поранешниот уапсен во случајот Алфа, Рамиз Даути вели дека чудно е како може да се бара мислење од Бирото за вештачење кога истото нема услови за вештачење на видео снимките.

-Малку е апсурдно како може кога немаме средства да разгледување на видеото, одобрението од претходната Влада ни овозможи да направиме експертиза во странство бидејќи немаме средства, а сега, во исто време , тоа го бара Бирото за судски вештачења, за вештачење на мислење, Рамиз Даути, поранешен уапсен во случајот „Алфа“.

Даути се сомнева дека доцнењето е намерно и бара помош од политичките претставници.

-Сега Судот бара мислење или одговор од Бирото за нешто што никој од нас нема надлежност. Ова е политичко прашање и политиката треба индиректно да интервенира. Да не се меша во судството и да дава законски директиви за повторно судење на случајот, Рамиз Даути, поранешен уапсен во случајот „Алфа“.

Прашањето за случаите за кои постои сомневање дека се монтирани е разговарано и меѓу новите партнери во власта, ВМРО-ДПМНЕ и ВРЕДИ. Првиот вицепремиер Изет Меџити во „Дејли клик“ рече дека за овие прашања разговарале со премиерот Мицкоски и тие треба да се разгледаат.

-Во разговори сме. Начелно сме се занимавале со тоа доколку има политички монтирани случаи, случаи каде што има сомнежи дека тоа не бил последниот збор на правдата туку имало други импликации, мораме да ги преиспитаме и ниеден граѓанин, без разлика дали е Македонец или Албанец, не треба да има судски последици од разни монтирани случаи, вели Изет Меџити, прв вицепремиер.

-Се разговараше, но не е дека се понудени конечни решенија бидејќи секој случај е специфичен. Се зборува дека случајот „Монструм“ имал повторно судење и тој случај може да се смени или со амнестија или со помилување во делот на затворските казни и луѓето да се ослободат. Значи тоа е специфичен случај. Случајот „Алфа“ може да се врати на повторно судење и потоа да се види да се мониторира процесот. Значи ова се специфични случаи кои не можеме да ги генерализираме и да кажеме, за овој случај ќе ја работиме оваа работа, вели Зеќирија Ибрахими, ВРЕДИ.

Ибрахими рече и дека случајот „27 април“ за упадот на Собранието за ВМРО-ДПМНЕ е монтиран случај и ќе се обидат да најдат правна разрешница. За овие случаи, премиерот Христијан Мицкоски во 24 Анализа рече дека осудените за „27 април“ бараат правда, а не амнестија. Како што предвидел во планот на програмата на Владата, Мицкоски рече дека ќе биде посветен на правдата во државата.