Советниците на Доналд Трамп јавно и приватно даваат предлози за ставање крај на војната во Украина, што би ѝ отстапило големи делови од таа земја на Русија во догледна иднина, без членство во НАТО, се вели во анализата на Ројтерс за изјави и интервјуа со луѓе блиски до новоизбраниот претседател на САД.
Предлозите од тројца клучни советници, вклучувајќи го и идниот претставник на Трамп за Русија и Украина, пензионираниот генерал-полковник Кит Келог, споделуваат некои елементи, вклучително и ставање крај на потенцијалот на Украина за членство во НАТО. Советниците на Трамп ќе се обидат да ги натераат Москва и Киев да преговараат. Доколку Киев не се согласи на преговори, би ја намалиле воената помош, но би ја зголемиле доколку рускиот претседател Владимир Путин ги одбие преговорите.
Трамп постојано во неговата кампања ветуваше дека ќе стави крај на конфликтот.
