34.128 денари изнесува потрошувачката кошничка за минатиот месец според ССМ, што е за 5.407 денари повеќе од просечната македонска плата. Најмногу пари граѓаните трошат за:
- храна и пијалоци – 14 400 денари
- режиски трошоци – 11 илјади денари
- лична хигиена – 2 300 денари
- превоз – над 2 500 денари
Оние граѓани што ги анкетиравме велат дека ниту 34.000 не стигнуваат со видното зголемување на цените.
„34, Троши како не троши, јас ништо не земав, 1000-ка потрошив, еве сега другата ја раситнив.Малку е се е скапо, сум земала за сушење пипер, 100 денари кило“.
„34 и вака и така, малку повеќе да биде накај 60 000, зошто ако рачунаш и облека и школување“.
„Верувајте дека тој што нема не може ни толку да планира да потроши, тоа е жалосно“.
„До толку не но се трудам да земам се она што е здраво за јадење и за внуците и за нас“.
„И со 20 000 можеш да поминеш ако купуваш леб од вчера и слични работи, но за нормален живот, ни приближно не се доволни“.
„Цените се отидени до небо и се погоре и погоре ќе бидат“.
„Можеби на некој начин е добро што ова ќе излезе на виделина, дека не е можно само по себе си кажува, да развие некој вид порив кај луѓето да најдат алтернативни начини да се снаоѓаат“.
„Да не збориме за други стандардни дешавки, да се отиде летување, на пример со детенцето во парк, да се живее еден живот кој дозволува да постоиме“.
Пораст на индексите на трошоците на животот во јули 2021 година, во споредба со претходниот месец, е забележан кај:
- цигарите за 0.9 %,
- млекото за 0.8 %
- свежото и разладеното овошје, 0.5 %,
- лебот и житата за 0.4 %,
- пивото за 0.3 %.
Ако во минатото синдикалната кошница за една година се зголемувала за 200 до 300 денари, лани за истиот период порасна за цели илјада денари. Годинава пак за само 6 месеци растот на трошоците за живот пораснале за 500 денари.
