Платиле 450.000 евра, и останале без стан во Хрватска

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Полицијата пријавила две лица, кои биле директори на иста фирма, дека од купувачите на стан во Ријека наплатиле 450.000 евра, а потоа не им го предале станот, ниту им ги вратил парите.

Полицијата спроведе кривична истрага против двајца хрватски државјани кои се осомничени за измама во деловно работење.

Утврдено е дека во текот на мај 2022 година, првоосомничениот, 67-годишен маж, како директор на фирма во приморско-горската жупанија, склучил договор со двајца хрватски државјани за аванс за продажба на стан во Ријека, а притоа од нив зел 150.000 евра аванс кои не ги уплатил на сметка на фирмата.

Првоосомничениот потоа ја напуштил директорската позиција во фирмата, а оштетените во јуни 2023 година склучиле купопродажен договор со новиот директор, 44-годишен маж, врз основа на кој платиле дополнителни 300.000 евра за станот.

И покрај склучениот договор и уплатените пари, како и ветувањата дека ќе добијат нов стан до крајот на декември 2023 година, оштетените сè уште не го поседуваат станот, ниту пак им се вратени парите.

Двајцата осомничени се кривично пријавени до надлежното државно обвинителство поради основано сомнение дека сториле кривично дело измама во деловното работење, а 67-годишниот маж доби кривична пријава и за кривичното дело повреда на доверба во деловното работење.