Зголемувањето на минималната плата и пензиите и оваа година се главна тема на предизборните ветувања. Во јавноста, покачување на минималната плата и пензиите ветија двајцата лидери на најголемите македонски партии. Заев ветува дека до крајот на мандатот минималната плата ќе биде 20 илјади денари а просечната 34 илјади денари.
ВМРО-ДПМНЕ предвидува намалување на невработеноста под 10% и зголемување на пензиите за 20%.
Коалицијата АА и Алтернатива во својата програма предвидуваат еднаков економски и територијален развој каде гарантираат:
-Економски раст од 4 – 5%
-Намалување на невработеноста до 10% во нивниот 4 годишен мандат
-Отворање на нови 25 илјади работни места во јавниот и приватниот сектор
-Покачување од 20% на просечната плата
ДПА ветува вработување од секое албанско семејство со ниту еден вработен.
ДУИ утре ќе ја претстави својата програма а дел од неа објавија на социјалните мрежи, ветуваат 50% од придонесите во приватниот сектор за еднаква економска застапеност.
