Вработените во Министерството за финансии пред два дена излегоа на протест пред зградата на оваа институција. Како што велат, тоа го направиле бидејќи министерот Фатмир Бесими ја поништил одлуката за покачување на платите од јануари за 30%. Но Бесими соопшти дека минималната плата ќе се зголеми за 2.200 денари и со тоа ќе има подобрување на условите и во државната администрација.
Министерот Бесими појасни дека парите во буџетот се наменети токму за покачување на платите и за тоа каде ќе завршат истите одлучува само Собранието.
Инаку Бесими беше прашан дали имало закани кон вработените во Министерството за Финансии кои одлучиле да го изразат своето незадоволство, но тој негираше дека имало такво нешто, додавајќи дека ги повикал на средба одговорните на секторите да ги извести за владината седница.
