Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ, по повод 50 годишнината од постоењето на Европската народна партија (ЕПП), кажа дека партијата е водечка политичка сила во Европа.
„Во изминатите 50 години, ЕПП е водечка политичка сила во Европа, која отсекогаш силно стоела покрај граѓаните. Соочени со бројни предизвици, ја градиме иднината на ЕУ врз фундаменталните принципи на нашата политика – солидарност, просперитет, безбедност и почитувана Европа на глобално ниво“, се вели во објавата на Пленковиќ на „X“.
Вчера Пленковиќ се сретна со премиерот Христијан Мицкоски, при што објави дека Хрватска ќе ја продолжи поддршката кон Македонија на патот кон членството во ЕУ.
„Разменивме мислења за геополитичките предизвици, безбедноста на снабдувањето со енергија во Југоисточна Европа, како и за мерките што ги преземаат двете влади за борба против порастот на цените на енергијата. Хрватска ќе продолжи да ја поддржува Северна Македонија на нејзиниот пат кон членство во ЕУ и веруваме дека заслужува јасна перспектива“, објави Пленковиќ на „X“.
