По 14 години, последно рочиште за „змиско око“ – 2 адвокати и 3 обвинети во случајот починале

НАЈНОВИ ВЕСТИ

По 14 години низ судските сали, денеска се одржа последното рочиште за полициската акција Змиско око. Адвокатот Ќенан Рахмани кој застапува еден од обвинетите очекува судот да пресуди во полза на обвинетите, бидејќи како што вели обвинителството  нема никаков доказ.

„По 14 години  заврши кривичниот предмет  познат како Змиско око. Овој предмет започна во 2007 и до денес јас бев адвокат на одбраната на еден од нив и мој колега за друг обвинет, Тоник Атанасовски, денеска го одржавме последното рочиште каде Обвинителството стоеше на обвинението   злоупотреба на службената должност“, истакнаЌенан Рахмани.

Змиско око е судски процес во кој се обвинети 71 лице за злоупотреба на   службената должност. За ова време, додека трае процесот, до денес тројца од обвинетите и двајца адвокати починале.

„Врз основа на моите информации починати се двајца адвокати и тројца обвинети. Имаме судска одлука од датум 26.02.2021 каде Основниот кривичен суд Скопје издал одлука со која 20 обвинети се ослободени од обвинението и го одбил обвинението од Обвинителството“.

Според адвокатот Рахмани одолговлекуваните судски процеси во Македонија освен што се заморни за самите обвинети, овој судски процес државата ја чинеше над 600 илјади евра за адвокатски трошоци.

„Многу е тешко и за обвинетите кои дошле во суд, имале трошоци, но ова е голем трошок и за државата, се предвидува сума за трошоци за адвокатите од одбраната во износ до 600 илјади евра“, вели Рахмани.

Змиско око беше полициска акција во која беа обвинети 71 лице  за злоупотреба на службената должност на патарините, а до денес се одржале над 160 судски рочишта.