По 2-3 ученици во едно одделение – тетовските села Бозовце и Вешала се празнат

НАЈНОВИ ВЕСТИ

„Селата Бозовце и Вешала кои лежат на Шар Планина од ден на ден се празнат. Во училиштата во овие села останаа само 27 ученика, а во селото нема повеќе од 30 семејства“, вели репортерот на ТВ21.

Се празнат тетовските села, Вешала и Бозовце. Одделенијата во училиштата во овие две села бројат по 2-3 ученици, а вкупно останале само 27.

„Во училиштето во Вешала, во централното училиште се запишани четворица ученици, а настава следат тројца, еден ученик се отсели, а во приградското училиште во село Бозовце, тука е малку послабо. Годинава немаме ниту еден запишан ученик во прво одделение за учебната 2022-23 година. Вкупниот број на ученици е 27. Во второ одделение има тројца ученици, има по двајца, по еден ученик, а во одделение немаме повеќе од тројца ученици. Трендот на иселување си го направи своето, конкретно ги испразни Вешала и Бозовце“.

Иселувањето не запира. Само оваа учебна година се иселиле 5 ученици, некои во Тетово, а некои во странство.

„До денес, зборувам за оваа учебна година од почетокот на септември издадовме пет формулари за иселување, некои во градот, а некои вон државата“.

Селото е речиси пусто, па така едвај сретнавме еден жител. Тој вели дека локалното население најмногу се занимава со сточарство, но дека поради растот на цените, заработката е доста мала. Луѓето се иселуваат во потрага по некое решение, додава тој.

„Најмногу се занимаваме со овци, со што да се занимаваме. Воопшто нема есап, каде има есап 2.500 ден 100 килограми јачмен, но за да ги чуваш мора да ги храниш. Причините се бидејќи градот е далеку, средните училишта се далеку, мора да патуваат, но нема со што. Со децата заедно заминуваат во странство, но и во град“, вели Исмаил Ахмети.

Во овие две училишта има 21 наставник, односно тројца помалку од лани. Инаку, сите паралелки мора да работат со посебна дозвола од Министерството за образование. Лошата инфраструктура и немањето превоз до училиштата се меѓу главните причини поради кои жителите одлучуваат да го напуштат нивното родно село.