По 2 месеци, во Демир Хисар е регистриран нов случај на коронавирус.
Се работи за пациентка која почувствувала симптоми, а сега е префрлена во Клиниката во Битола и поставена на кислородна поддршка.
Имено, првиот случај на ковид-19 во Демир Хисар е регистиран на 16.04.2020.
Во статистиката на Министерството за здравство, нема евидентирано активен случај на коронавирус во Демир Хисар.
