По 6 смртни случаи од грипот – комисијата препорача задолжително носење маски во болниците

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Комисијата за заразни болести препорачува задолжително носење маски во здравствените објекти и старски домови како и забрана на посетите во болница. Претседателот на комисијата Александар Петличковски рече дека во моментов има зголемен број случаи заразени со грип но дека не постои опасност за општото јавно здравје.

7 лица се хоспитализирани поради сезонскиот грип, вели Милена Стевановиќ, директорка на Инфективна.

За лица заразени со коронавирус од Комисијата соопштуваат дека опаднат е бројот и дека само 6 лица се во болница. Од сезонскиот грип до сега починале 6 лица.