Новинарот Дане Илиќ утрово одбил да го уредува и води утринскиот Дневник на Српската радио-телевизија.
Ова следува откако студентите ја блокираа зградата на РТС.
Како што пренесуваат српските медиуми, Илиќ исто така одбил да влезе во зградата на јавната телевизија под придружба и преку помалку познати премини.
На претпоставените им рекол дека „оние што ја собираат публиката стојат пред камера“.
На местото на Илиќ, утринскиот дневник го уредуваше и водеше Николина Ракиќ, која претходно цела ноќ ја помина во зградата на РТС.
