После девет шампионски титули по ред, Јувентус е на праг да не излезе ниту во Лигата на шампионите, после вчерашниот пораз на домашен терен од Милан од 0:3. Сега Јуве е на петтото место на табелата, и ќе се бори до крај со Наполи да го фати „последниот воз“ за ЛШ, иако во игра ќе влезе и Лацио.
Јувентус вчера загуби како домаќин од Милан, а после поразот на удар беше тренерот Андреа Пирло кому му се заканува отказ. Но, тој не размислува така.
„Екипата изгледаше добро во текот на неделата. Имавме вистински пристап, бевме концентрирани. Бевме сигурни дека ќе одиграме одличен натпревар. Нема да дадам оставка. Дојдов тука со голем ентузијазам. На распологање сум на клубот. Имаме уште три натпревари и ќе дадеме се од себе да обезбедиме пласман во Лигата на шампионите. Оваа екипа има одлични играчи, но очигледно нешто друго не е во ред. Имав поинаков проект, и бев убеден дека ќе имам поинакви играчи. Работев на некои концепти и морав да направам одредени промени за да се прилагодам на нивните карактеристики“, рече Пирло.
