По февруари, намалување на цените за малите компании – ВМРО-ДПМНЕ: Цената не се намалува, се удвојува евтината и скапата струја

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Граѓаните да не очекуваат веднаш да се намалат цените за услугите кои ги нудат малите и средни компании, бидејќи за тоа е потребен одреден период, рече советникот за енергетика во Влада, Виктор Андов, според кого првите сметки со намалена струја, компаниите ќе ги добијат во февруари.

Но ВМРО-ДПМНЕвели дека Владата лаже кога вели дека е намалена цената на електрична енергија за малите компании и домаќинствата. Велат дека токму во првите сметки што ќе ги добијат граѓаните во февруари, ќе се види дека е лага намалувањето на цената на струјата.

„Како го пресмета намалувањето на цените кога од сите елементи со кои се формира цената единствено ќе се намали тарифата за пренос и дистрибуција, додека  сите други елементи ќе се зголемат, вклучувајќи го и ДДВ?“

РКЕ вчера соопшти дека за малите и средни компании, од 1 јануари ќе има намалување на цената на струјата за 20,15%. Ова намалување ќе се важи за 70.000 компании во земјава вклучувајќи ги и малите дуќани, фризерски салони и мали кафеани.