По инцидентот во албанскиот Парламент, амбасадорката Ким го предупреди Бериша да не го повтори тоа, Палока возврати со навреда

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Недоличното однесување на поранешниот албански претседател и експремиер Сали Бериша, кога насилно го истурка, вршителот на должноста претседател на демократите, Енкелејд Алибеај, за тој да се обрати од собраниската говорница, наиде на низа реакции во албанската јавност.

За ова непријатна сцена, во законодавниот дом, реагираше и американската амбасадорка во Тирана, Јури Ким, која го предупреди Бериша дека „дела кои припаѓаат на минатото, да не се повторат“.

Амбасадорката Ким во објава на Твитер напиша дека деновите на исфрлање на другите од подиумите или на нарушување на владеењето на правото се минато и никогаш не треба да се повторат.

-Деновите на напади врз згради, тепање или симнување на други од подиуми, закани на оние кои со право велат „не!“, обвинување други за неправилности, нарушување на владеењето на правото, неказнивоста, тие денови се минато. Да не се повтори, напиша Ким.

По реакцијата на амбасадорката со навреда реагираше пратеникот Еди Палока, кој е во крилото со Бериша, дека „високиот функционер станал смешен со ваквиот став“.

-Несреќа е кога човек веќе не разбира дека доаѓа момент кога едноставно стануваш смешен со изјавите и ставовите. Госпоѓо, ние сме тие што се кренаа против најбруталната диктатура во Европа, напиша Палока.