По кратка кафе пауза, Пендаровски и Борисов заминуваат за Рим за чествување на светите Кирил и Методиј

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Претседателот на Македонија Стево Пендаровски и неговиот бугарски колега, претседателот Румен Радев одржаа кратка средба на скопскиот аеродром од каде што заеднички ќе патуваат за Рим за чествување на светите Кирил и Методиј.

Во изјава за медиумите, Пендаровски нагласи дека нема никаков исход од оваа средба бидејќи тоа било пријателска кафе пауза на која имало разговори околу тоа што се случувало во Брисел последниве два-три денови.

Тој нагласи дека оперативните разговорите меѓу двете држави ги водат Владите, а тие како претседатели се тука доколку можат да ја релаксираат атмосферата и да говорат за проблемот кој постои во односите.