Алија Јаоски е победник на денешните предвремени локални избори во општина Пласница. Тој од одработени 99,98% од гласовите, доби поддршка од 86% од гласачите.
Или Јаоски доби 1,695 гласови, од вкупно 1,973 колку што го оствариле правото на глас.
Неговиот противкандидат Рамазан Шерифоски освои 231 глас, или 12%. 2% се неважечки гласови, односно 47 гласачки ливчиња.
Излезеноста на изборите во Пласница беше 39,83%. Гласале 1,973 од вкупно 4,954 кои имале право на глас во оваа Општина.
