Македонија ќе учествува на следното издание на Евровизија 2027 во Бугарија, потврди директорот на Македонската радио телевизија, Зоран Ристоски.
На јавната седница на Програмскиот совет на МРТ, на која присуствуваа претставници на професионални здруженија, медиумски организации и надлежни институции, Ристоски објави дека имал средби со претставници на Европската радиодифузна унија и дека со сигурност може да се каже дека Македонија ќе испрати претставници на европскиот музички фестивал во 2027 година.
Тој нагласи дека МРТ ја има поддршката од ЕБУ за промоција на културните вредности на Македонија и очекува јавниот радиодифузен сервис да има корист од поповолен пакет за враќање на Евровизија.
