По пет часа трансплантација започна да чука срцето на 32 годишната пациентка

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Срцето на почнатата дарителка (40) почна да чука кај 32-годишна пациентка во 11.30 часот утринава, по петчасовна сложена операција на државна кардиохирургија.

Согласно претходно извршените подготовки, рано утрово околу 6:30 часот тимот кардиохирурзи го почна оперативниот зафат со цел трансплантација на срце од починат донор.

Успешно заврши третата трансплантација на срце во земјава од почината 40-годишна дарителка, чие семејство дозволи да бидат пресадени и нејзините бубрези. Подоцна во текот на денот ќе бидат извршени и трансплантациите на бубрезите кај друг пациент.

Веста на Фејсбук ја објави д-р Жан Митрев.

„Кога е човечки живот во прашање, не е важно дали е ден или ноќ, викенд или работен ден. Тимот лекари придружени од анестезиолозите, како и тим на перфузонисти, инструментари, медицински сестри ја изведоа оваа операција која траеше околу 5 часа. Станува збор за 40-годишна жена чие семејство даде согласност, нејзиното срце да продолжи да чука во градите на 32-годишна жена. Исто така се очекуваат уште две бурежни транспланатации во текот на денешниот ден“, напиша д-р Митрев.