По објавувањето на прилогот на ТВ21 дека пред зградите во населбата Мирче Ацев, граѓаните фрлаат отпад, во текот на викендот биле исчистени.
Од општина Тетово во ова место донеле и бекатон плочки, но тие не можат да ги стават поради тоа што станува збор за приватен имот, велат жителите на зградата.
Жителите моментално отпадот го фрлаат во улицата во близина на тетовската касарна, а тие очекуваат да се најде решение и за овој проблем и за фекалните води.
