По протестите, дојде и решението – поставени „лежечки полицајци“ на „улицата на смртта“ во Тетово

НАЈНОВИ ВЕСТИ

По протестите поради многуте сообраќајни несреќи со фатални последици, општина Тетово презеде мерки за зголемување на безбедноста во сообраќајот на улица индустриска Тетово. На оваа улица веќе се поставени лежечки полицајци со цел ограничување на брзината на возење.

„Веднаш има ефекти, намалена е брзината, Градоначалничката одлучи да го исполни даденото ветување, да ги спаси децата и старите од многуте сообраќајки. Протестот даде резултат. Градоначалничката можеби не знаела, но по протестот работите се забрзаа.“, вели жител.

Од општина Тетово признаваат дека уредувањето на овој дел од булеварот е резултат на протестот на жителите и средбата со градоначалничката.

„По средбата со претставниците на иницијативата за решавање на проблемот на пешаците во улица индустриска, каде се разговараше за брзината на возење на оваа улица, безбедноста на пешаците, општина Тетово почна со работа за да немаме сообраќајни несреќи во иднина. Следната недела ќе почне и изградбата на ѕид за физичка делба на улиците, а за 2 месеци овој проект ќе биде целосно реализиран.“, соопштија од Општина Тетово.

Пред неколку недели животот го загуби 6 годишно девојче како последица од удар од автомобил, по што следеа протести од граѓаните.