По речиси два месеци молитва во џамиите – правила и мерки за однесување има, но дали верниците ги почитуваат?

НАЈНОВИ ВЕСТИ

„Верниците муслимани ќе треба да почитуваат неколку правила. Прво – абдестот мора да го земаат дома и секој да си носи свое сеџаде (простирка за намаз). Како што може да се види, местото во џамија каде треба да се зема абдест е затворено, што значи дека абдестот мора да се земе дома. Друго правило е верниците задолжително да носат маски. Како што може да се види, верниците кои одлучија да влезат во џамија носат маски. Меѓу другото, мора да вршат дезинфекција на рацете“, истакна репортерот на ТВ21.

„Како што ги слушнавме правилата, така и ги почитуваме. Како што ни велеа, така правевме и претходно, а и сега. Среќни сме што ги отворија џамиите. До крај ќе ги почитуваме правилата. Земав сеџаде со себе и сакаме сите да го прават тоа“, вели верник.

„Верници држете дистанца, бидете трпеливи, со една цел – за да му направиме ибадет на Господ“, додава оџа.

„Добро беше фала му на Господ. Дај Боже да ни ги прифати молитвите“, вели верник.

„Навистина првиот ден беше нов ден за сите верници. Нов начин и форма на колективен намаз во нашата деценија, а можеби и во нашиот век. Како што видовте и самите нивото на културата и запазувањето на правилата и препораките донесени од здравствените органи и од ИВЗ, целосно се спроведуваат од страна на верниците“, посочи Мухарем Исмаили, имам во Иса-беговата џамија.