По репортажата на ТВ21, Ѕвонко уште утре ќе добие кров над глава и храна, најави градоначалникот на Делчево

НАЈНОВИ ВЕСТИ

По репортажата на Телевизија 21 и репортерот Јовица Пауноски од село Нов Истевник, доцна вечерва на социјалната мрежа Фејсбук, градоначалникот на Делчево, Горан Трајковски на наша објава коментираше дека уште утре Ѕвонко ќе добие кров над глава со сите услови и храна.

„Ѕвонко не се обратил до општината ниту до мене како градоначалник. Во текот на утрешниот ден ќе биде сместен и ќе добие кров над глава со сите услови и храна“, коментираше градоначалникот Трајковски.

Екипа на ТВ21 денеска беше во Нов Истевник, село кое пред четири дена се бореше со пламените јазици. Таму целосно изгорени се четири куќи, а делумно зафатена една викендица.

Селото повеќе од два месеци е без вода, а веќе една недела без струја. Жителите велат дека досега никој не ги посетил ниту пак ги прашал дали имаат потреба од нешто.

Во продолжение целата репортажа на колегата Јовица Пауноски: