Пред еден месец ТВ21 преку емисијата „И ЈАС СУМ ТУКА“ тропна на вратата на семејството Османи од Скопје за да ги слушне нивните маки и тешкотиите со кои се соочуваат.
Домаќинот, Џемил, е продавач на парфеми за автомобили на семафори, додека неговата сопруга е вработена со договор на дело, сепак парите што ги заработуваат двајцата не се доволни да го поминат месецот.
ТВ21: Што правите тие денови кога немате воопшто приходи?
Џемил Османи: Се обидуваме со тоа што го имаме дома да се снајдеме, се има случено јас и сопругата да не јадеме за да јадат децата. Значи ние сме останале и без јадење. Тоа е!
Освен тешкотиите за обезбедување парче леб и парите за кирија, Јусуф (12) едно од четирите деца на оваа семејство има застој во развој.
Само 24 часа по објавувањето на сторијата, прва помош почнала да стигнува до семејството Османи.
Лице, кое побарало да остане анонимен им ја платил кријата за една година и логопедот за Јусуфи за 6 месеци.
На семејството Османи и е помогнато со околу 40.000 денари парична помош, а хуманите луѓе им испратиле и пакети со храна.
Откако разговаравме со домаќинот, Џемил Османи, тој ни рече дека од срце им се заблагодарува на сите што му помогнале, кои му подале рака во овие тешки моменти кога едвај врзувале крај со крај.
