По вчерашната сторија на ТВ21 за тешката економска состојба на семејстава Хамиди и Шабани од тетовското село Бозовце, денеска пристигна и првата помош од Хуманитарното здружение „Балкански сираци“. Претставниците на здружението, кои во текот на денешниот ден им излегоа пресрет и на други семејства на кои им поделија околу 1.500 пакети храна, ги посетија и овие две семејства на кои им помогнаа со пари и храна. Ирфан Бучи вели дека целта на Здружението е во овие тешки денови да им се помогне на семејствата кои имаат потреба за такво нешто колку-толку да им ја олеснат и така тешката состојба во која се наоѓаат.
„Мислевме дека е неопходно да им помогнеме на овие семејства кои живеат во тешки услови. Време е сите да се солидаризираме и да си подадеме рака. На терен има и многу луѓе кои не можат да работат, а не бараат помош. Ние заеднички се трудиме да им помогнеме и како општина, месна заедница и како Владата, да се обединиме и да покажеме хуманост, бидејќи сме народ познат по хуманост“, истакна Ирфан Бучи.
Благодарение на хуманите активисти, сега семјеството Хамиди, кое живее без струја поради долг од над 78 илјади денари, има и телефонски број на кој донаторите ќе можат да се јават и да испратат помош.
Контакт: 070 928 514 – домаќинот Јамин Хамиди.
