Ловец Ф-16 на воздухопловните сили на Јужна Кореја се урна денес околу 19:30 часот по локално време за време на ноќна обука за летање во Јеонгџу, покраината Северен Кјеонгсанг, а пилотот безбедно се катапултирал, објавија јужнокорејските медиуми.
Нема пријавени жртви во инцидентот, објави Јонхап.
Јужнокорејските воздухопловни сили објавија дека формирале штаб за одговор на авионската несреќа за да ја испитаат точната причина, соопшти агенцијата.
Претходно воени авиони се урнаа во Турција и во Казахстан. Во Турција во уриваање на Ф-16 загина пилотот, додека во Казахстан од авионот Су-30СМ екипажот навреме се катапултирал.
Фото: Архива
