По вчерашниот застој на Плетвар, денеска патиштата проодни, на повисоките места остатоци од снег

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Ветерот и снегот кои беа присутни во одделни делови од земјава во изминатите неколку дена, донесоа проблеми на патиштата низ Македонија. Вчера имаше голем застој на превојот Плетвар. Загрижени граѓани за ТВ21 изјавија дека чекале и по четири часа да се расчисти наносот од снег после превојот на пат од Прилеп кон Кавадарци.

Денеска патиштата се проодни, и нема никаков застој.

„Сообраќајот на државните патишта се одвива тековно по наместа влажни коловози, на некои повисоки места наместа со остатоци од кашест снег, информираат од ЈП Македонијапат.

Од претпријатието апелираат на внимателно возење и прилагодување на брзината кон условите на патот. Дежурни екипи на Македонија постојано се на терен и ги одржуваат сите патни правци проодни.