По веста на ТВ21, се менуваат таблите во Охрид – отстранета „Народна Република Албанија“

НАЈНОВИ ВЕСТИ

По веста на ТВ21 за старите патоказни табли, на терен излезе и екипа од Јавното претпријатие „Македонија пат“. Во Охрид е сменета табла стара 50 години, на која стоеше старото име на Албанија – Народна Република Албанија.

Но, како што може да се забележи, и на новата табла не фигурира албанскиот јазик.  Од „Македонија пат“ велат дека во тој дел нема 20% Албанци, па поради тоа не се користи двојазичност.

„Во тој дел нема 20% Албанци, па затоа не мора да се користи двојазичност. Во процес се уште 3 табли кои наскоро ќе бидат поставени“, велат од ЈП Македонија пат

Од друга стана пак, патот кој води кон Свети Наум и границата со Албанија, е во незавидна состојба – со дупки и тесен.

ТВ21 дознава дека ЈП „Македонија пат“ имало план за санирање на патот, но УНЕСКО не дало дозвола за негово проширување, па затоа сега за сега ќе остане каков што е.