Почина 75 годишен пешак откако бил удрен од камион на магистралниот пат Подмоље- Струга – претходно бил пријавен за исчезнат!

НАЈНОВИ ВЕСТИ

На 16.02.2026 во 06:30 часот во ОВР Струга е пријавено дека на магистралниот пат Подмоље- Струга, товарно возило „ман“, управувано од А.А.(52) од Република Албанија, удрило во пешакот У.Д.(75) од с.Ливада, струшко, кој од здобиените повреди починал на местото на несреќата.

Лекар од Итна медицинска помош Струга констатирал смрт, а увид извршила увидна екипа на ОВР Струга.

Претходно, во 06:05 часот е пријавено дека У.Д. се оддалечил од домот на негов роднина во струшкото село Мислешево и дека имал здравствени проблеми. 

Се преземаат мерки за расветлување на настанот.