Почина Алекс Аполинарио, фудбалер кој доживеа срцев удар среде натпревар

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Бразилецот Алекс Аполинарио, кој играше во Алверка, почина овој четврток на 24-годишна возраст, 4 дена по колапсот на натпревар од третото ниво на португалскиот фудбал.

Неговите соиграчи и противници се обидоа да му помогнат, а тој беше итно пренесен во болница.

Третолигашот Алверка за кој играше Бразилецот денеска објави дека нивниот играч починал.

„Со големо жалење ја информираме јавноста за информациите што ги добивме од болницата. Алекс Сандро дос Сантос Аполинарио (24) почина утрово“, се вели во клупското соопштение.