На 87-годишна возраст почина Џери Вест кошаркарот кој ќе остане запаметен по тоа што неговата силуета се најде на легендарното лого на НБА.
Во 1969 година, НБА лигата го ангажираше познатиот дизајнер Алан Сигел да го креира новото лого. Сигел минувал низ илјадници фотографии, се додека не наишол на една на Вест во дрес на ЛА Лејкерс, кога донел конечна одлука да го креира логото на НБА кое важи до ден денеска.
Интересно е тоа што Вест не бил тогаш прва ѕвезда во НБА, туку Бил Расел кој освоил 11 прстени, но на Сигел му се допаднала фотографијата на Вест.
Од тогаш па до денеска силуетата на Вест е претпознатлива на милион навивачи.
