Почина легендарниот српски кошаркарски тренер Душан Дуда Ивковиќ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Тажни вести за српската, европската и светската кошарка. Почина легендарниот тренер Душан Дуда Ивковиќ на 78 години.

Ивковиќ е роден 1943 година, и целата кариера ја мина во Раднички Црвен Крст, каде ја почнува и тренерската кариера.

Беше тренер и на Партизан со кој ја освои тројната круна во 1979 година. Во 1980 година стана тренер на грчки Арис, па потоа се врати во Раднички, а работеше уште во Шибеник и Војводина. Во 1990 година го превзеде ПАОК со кого ја освои втората, и засега последна титула за овој тим во историјата. Работеше и во Паниониос, а во 1996 година следуваше преселба во Олимпијакос, со кој ја освои титулата европски првак, и двојна круна во Грција.

Беше тренер и во ЦСКА МОсква, па во Динамо, во 2010 во Олимпијакос и повторно да ја „покори“ Европа. Кариерата ја заврши во 2016 година после две години минати во турскиот Ефес.