Почина мајката на сопругата на претседателот Пендаровски, тестот ќе покаже дали била заразена од коронавирус

НАЈНОВИ ВЕСТИ

На Клиниката за пулмологија починала мајката на сопругата на претседателот на државата, Стево Пендаровски. Поради влошена здравствена состојба таа била донесена на пулмологија по што починала.

„Посмртно е земен брис за корона вирус и за резултатите дополнително ќе биде информирана јавноста, најверојатно во текот на утрешниот ден. Генерално, досега немала симптоми на Ковид-19“ – соопшти кабинетот на претседателот на државата.

Дали се работи за смртоносниот коронавиурс, ќе треба да покаже тестојт кој е направен по смртта на лицето. Претседателот Стево Пендаровски и неговата сопруга Елизабета Ѓоргиевска не се тестирани за новиот корона вирус, а дали ќе бидат тестирани ќе се знае по пристигнувањето на резултатуте од починатото лице.

Извор: Телма