Почина мажот кој се запали пред Владата на Хрватска

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Мажот кој денеска се поли со бензин и се запали пред Владата на Хрватска, почина вечерва во Клиниката за трауматологија во Загреб.

„Мажот кој денеска се самозапали на плоштадот „Свeти Марко“, и беше згрижен во Клиниката за трауматологија, и покрај вложените напори на докторите, почина од добиените повреди пред 21 часот“, стои во соопштението.