Почина Миодраг Костиќ, еден од најпознатите српски бизнисмени

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

На 65-годишна возраст почина српскиот претприемач Миодраг Костиќ . Костиќ е основач и претседател на МК Група. Во јавноста тој е попознат како „кралот на шеќерот во Србија“, пишува Б92.

„Со голема тага ве известуваме дека почина Миодраг Костиќ, основачот и претседател на МК Груп, кој во текот на својата 40-годишна активна професионална кариера го создаде еден од најголемите деловни системи во регионот, што го заслужи меѓународниот статус на еден од највлијателните лидери и најуспешни претприемачи во Југоисточна Европа“, се вели во соопштението на компанијата.

Тој пред пет години се повлече од лидерската позиција на компанијата, а функцијата му ја препушти на синот Александар Костиќ, потпретседател на МК Груп и претседател на Управниот одбор на АИК банка.