Почина музичарот Илми Мустафов, син на легендарниот Ферус Мустафов

НАЈНОВИ ВЕСТИ

По само три месеци од смртта на Ферус Мустафов, синоќа почина и неговиот син, Илми Мустафов.

Познатиот саксафонист и кларинетист Илми Мустафов беше и член на групата „Огнени Момчиња“.

Во неговата скоро три децениска кариера, има снимено многу ора и чочеци, дел со својата група, а дел со неговиот познат татко Ферус Мустафов.

Неговиот син Ферчо соопшти дека Илми ќе биде погребан утре од 13 часот на гробиштата во Камник.