Почина Осаму Сузуки, долгогодишен лидер на компанијата Сузуки

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Осаму Сузуки, харизматичната и малку контроверзна личност на истоимениот јапонски производител на автомобили и мотоцикли, почина на 95-годишна возраст од лимфом, соопшти компанијата со која раководеше повеќе од четириесет години.

Сузуки одигра водечка улога во развојот на групата на која се приклучи во 1958 година.

Роден како Осаму Мацуда во 1930 година, тој се оженил со Шоко Сузуки, внукa на основачот на компанијата чие презиме го зел. Тој стана директор на групата во 1978 година.

Тој го надгледуваше воведувањето на пазарот на автомобили „кеи“, типично јапонски мини-автомобили со законски дефинирани димензии и моќност, кои денес претставуваат 36 отсто од продажбата на возила во Јапонија.

Во 2015 година, Осаму Сузуки му ја префрли титулата извршен директор на синот Тошихиро, а во 2016 година се откажа од другите позиции во компанијата, освен функцијата претседател на одборот на директори, која ја напушти во 2021 година.