Почина познатиот актер Данчо Чевревски

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

ЗНМ, ССНМ и СЕММ на средба со Министерот Филипче: нема забрана за снимање, новинарите треба да продолжат непречено со својата работа

Инцидентите со спречувањето на новинарите во кругот на „8-ми Септември“ се истражуваат, а одлука за забрана на...

Бизнисменот Фијат Цаноски сведочеше на рочиштето за „ТНТ”

Бизнисменот Фијат Цаноски, како оштетен во случајот „ТНТ”, денеска во Кривичниот суд даде исказ како сведок предложен...

КСС: Недела ден за одмор и 50 отсто поголема дневница за оние што ќе работат, се друго ќе биде дискриминирање и селектрирање

Конфедерација на слободни синдикати на Македонија – КСС смета дека во однос на прашањето недела да се...

Милошоски: Да не се чудите зошто Османи, Димитров и Заев не доаѓаат во Собрание, тие се навикнати на тајни преговори кои потоа ќе ги...

Антонијо Милошоски, Член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ на денешното своеобраќање на протестот кој се одржа пред МНР...

Фајзер поднесе барање за авторизација на вакцината во ЕУ

Фармацевтската компанија Фајзер/БиоНТех соопшти дека денес поднела барање до Европската агенција за лекови (ЕМА) за авторизација на...

Македонскиот театарски, филмски и телевизиски глумец и продуцент Данчо Чевревски почина синоќа во Скопје на 69 годишна возраст.

Чевревски е роден на 17 мај 1951 година во Скопје. Дипломирал на Факултетот за драмски уметности во Скопје на отсекот за драмски актери. Специјализација, односно филмско усовршување има добиено на УКЛА во Лос Анџелес.

Тој е еден е од основачите на приватното претпријатие за производство на филмови ТИРАНГЛ, а работеше и како професор на ФДУ во Скопје и беше декан на Факултетот.

Глумеше во повеќе југословенски и македонски филмови, меѓу кои „Игмански марш“, „Хај-фај“, „Трст виа Скопје“, „Тетовирање“, „Џипски меџик“, „Панкот не е мртов“, „Ова не е американски филм“.

Добитник е на повеќе награди во текот на неговата плодна кариера, а минатата година на 14. издание на Интернационалниот филмски фестивал „Астерфест“, му беше доделена наградата „Астер“ за исклучителни достигнувања на филмот и на ТВ. 

.