Почина познатиот глумец од „Петтиот елемент“ – причините непознати

НАЈНОВИ ВЕСТИ


Актерот Томи Листер (62), ѕвездата на филмовите „Петок“ и „Темниот витез“, беше пронајден мртов во неговата куќа.

Според НМЕ , веста ја потврдил менаџерот на Листер, Синди Коуан, кој рекол дека актерот бил пронајден без знаци на живот во куќа во Калифорнија.

Тој додаде дека претходните денови имал симптоми на Ковид-19, поради што го откажа снимањето на новиот филм.

Точната причина за смртта сè уште не е откриена.

Од Листер се прости и раперот Ice Cube, кој играше со него во филмот „Петок“.