Почина познатиот пејач Аки Рахимовски

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Познатиот пејач Аки Рахимовски, почина денеска на 67-годишна возраст.

Оваа тажна вест ја објавија и од неговата група „Парни валјак“.

„За малку нежност се ќе прифатам, за малку нежност, да можам да заспијам. Драги пријатели, со неописива тага во срцето објавуваме дека денеска 22.01.2022 година засекогаш заспа Аки Рахимовски“, стои во објавата.

Неговиот менаџер објасни што се случувало.

„Му се слошило денеска наутро и заврши во болница. Пред еден час ми јавија дека починал, не ја знаеме причината за смртта“, рече Осредечки.

Александар Аки Рахимовски е роден 1955 година во Ниш. Набрзо се пресели во Скопје. Татко му бил музички професор, а самиот Аки почнува со пеење од седумгодишна возраст.

Познат е како фронтмен на групата „Парни ваљак“ со која се прослави на Балканот и пошироко. Пееше и во дует со нашата пејачка Каролина Гочева. Пееше и со Тоше Проески на „Златна бубамара на популарноста“. Заедно со браќата Тавитијан и со Горан Бреговиќ ја препеаја популарната „Сношти сакав да ти дојдам“, а имаше дует и со Гуру Харе. Често знаеше да дојде и во Македонија и да мине неколку дена во нашата земја.