Српскиот актер Борис Комнениќ, почина на 64-годишна возраст после тешка болест. Бил првак на драма во Народниот театар во Белград.
Комнениќ е роден во Пула, а во Белград завршува факултет за драмска уметност. Најпозната улога му беше во серијалот „Подобар живот“ („Бољи живот“), каде го глумеше ликот на Саша Попадиќ.
Значајни улоги оствари и во сериите „Ќе се вратат штрковите“, „Сив дом“, „Горе Доле“, во филмовите „Мирис на дождот на Балканот“, „Бал на вода“, „Проклета е Америка“.
Добитник е на многу награда за својата работа.
