Почина претседателот на Танзанија откако не бил виден неколку недели, прогласени 14 дена жалост

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Претседателот на Танзанија, Џон Магуфули починал на 61-годишна возраст, објави на националната телевизија на потпретседателката на таа земја.

Магуфули починал од срцеви проблеми во болницата каде што се лечел.

Магуфули е еден од најголемите афрички скептици кога се работи за коронавирусот. Тој не беше виден во јавност од 27. февруари, за што се шпекулираше дека е заразен.

Од неговиот кабинет соопштиле дека тоа не е вистина и дека нормално ги одработува обврските.

Претседателот ги осудувал мерките против коронавирусот, и вакцините ги нарекувал „западна завера“.

Во Танзанија е прогласена 14-дневна жалост.