Починаа две лица во Македонија од коронавирус, нови 16 случаи во изминатите 24 часа

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Министерот за здравство Венко Филипче, соопшти дека во изминатото деноноќие починаа две лица на Инфективната клиника.

„За жал имаме починати две лица на Инфективно, едното на 90-годишна возраст и второто на 31-годишна возраст, чија клиничка состојба беше тешка, вчера поставен на респираторна машина, но во текот на претпладнето денеска почина. Сакам да изразам сочувство до семејствата“, рече Филипче.

Регистрирани се нови 16 случаи со коронавирус во нашата земја, соопшти министерот за здравство. Вкупниот број 257 пациенти.