Почна изградбата на училиштето во Визбегово – се предвидува да заврши за една и пол година

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Долго време жителите на Визбегово сонувале да го гледаат ова.

Почна изградбата на училиштето во Визбегово.

Се оградува парцелата каде ќе се изгради објектот од страна на компанијата која го добила тендерот. Жителите велат дека не можат да ја опишат среќата кога ги виделе машинериите на местото каде ќе се изгради училиштето.

„Кога се разбудивме наутро и ги видовме камионите дека доаѓаат за изградба на училиштето, не знам како да ја опишам среќата, чекавме 10-15години. Фала Богу работите почнаа и многу сме задоволни, не само јас туку цело село е на нозе“, вели Неби Ибрахими.

Неби Ибрахими додава дека секогаш се надевале дека еден ден ќе се изгради училиштето и дека патот до тука бил многу тежок.

„Никогаш не губевме надеж и нема да губиме и се надеваме дека нема да се прекинат работните активности. Со среќа и радост чекаме, нема да се прекинат работите“, додава Неби Ибрахими.

Контактиравме и со градоначалникот на Бутел, Дарко Костовски, за да го прашаме кога ќе завршат работните активности.

„Според договорот меѓу МОН и изведувачот, рокот за изградба на училиштето е 18 месеци или 1,5 години“.

Жителите на Визбегово веќе 20 години чекаат да се изгради училиште во нивната населба. Изградбата на училиштето ја отежнуваа бирократските проблеми меѓу општината и министерствата. А од тоа најмногу настрадаа учениците кои  поминуваа по неколку километри за да одат во околните села, а често имаа проблем и со организираниот транспорт.