Почна расправата за Законот за ЈО – Заев: 80 пратеници ми дадоа збор

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Во собраниската Комисија за европски прашања почна расправата за Законот за Јавното обвинителство каде продолжија вчерашните превирања меѓу власта и опозицијата во однос на верзијата на предлот-законот која ја достави Владата. Поради технички пропусти, пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски, побара Законот воопшто да не биде ставен на дневен ред на Комисијата.

Претседателот на комисијата, Артан Груби, го потсети Димовски дека за ова прашања надлежен е Уставниот и Управниот суд, и ја продолжи седницата.

Министерката за правда, Рената Дескоска, рече дека една година се расправа за две верзии на законот, но онаа за која било дебатирано во Комисијата, е трета верзија.

Комисиската расправа ќе трае два дена, бидејќи се носи по скратена постапка и со европско знаменце. По комисиите, дебата се префрла на пленарка. За усвојување на законот потребни се 80 пратенички гласови. Првиот човек на СДСМ, Зоран Заев изрази загриженост, поради како што вели, притисокот кој се врши врз пратениците. Уверува дека веќе 80 пратеници му дале збор дека ќе дадат поддршка за законот. 

За законот има поднесено два амандмани – од независниот пратеник Панчо Минов и Сурија Рушиди од Алијанса на Албанците. Двата амандмана се однесуваат на Членот 110. Албанската опозиција најави дека нема да го поддржи новото законско решение, бидејќи како што велат, Членот 110 предвидува амнестија за криминалците. Седницата беше прекината поради церемонијата за Ратификување на Протоколот за членство во НАТО.