Почна судењето на Кадри Весели во Хаг, се произнесе како невин за сите точни на обвинението

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Поранешниот висок командант на ОНА и екс претседател на НДП во Косово, Кадри Весели, за прв пат се појави пред Специјалниот суд во Хаг.

На почетокот на рочиштето, судијата Николас Гуилоу го информираше Весели за судските постапки против него.

Секретарката на судот му го прочита обвинението.

„Г. Весели дали ги разбравте обвиненијата кои се дел од потврденото обвинение кои ги прочита секретарката на Судот?“

Весели: „Ги слушнав почитуван судија.“

Потоа, судијата Гуилоу го праша Весели дали се чувствува вина за точките за кои се товари?

„Сакав да Ве прашам, дали имавте прилика да ги дискутирате обвиненијата од потврдениот обвинителен акт со вашиот адвокат и дали сте подготвени да се произнесете сега?“

Весели: „Ви благодарам почитуван судија. Ги слушнав и прочитав сите точки од обвинението. Дозволете ми да се произнесам целосно како невин за сите точки од обвинението.“

Адвокатот на одбраната, Бен Емрисон, побара од судот неговиот клиент повремено да биде ослободен.

„Барањето на г. Весели да се ослободи до почетокот на судењето. Третата точка, сакав да се потпише во записник. Фактот што иако е спомнат дека г. Весели е приведени, вие како судија и јавноста треба да знае дека г. Весели дојде тука во Судот врз основа на договор со Обвинителството своеволно да дојде тука.“, вели Емрисон.

Судијата му одговори дека по тоа прашање писмено ќе одговори следните денови.

Кадри Весели беше приведен на 5 ноември и истиот ден беше префрлен во притвор во Хаг. Обвиненијата против него, Јакуп Красниќи, Хашим Тачи и Реџеп Селими беа објавени на 5 ноември. Во обвинението се вели дека најмалку од средината на март 1998 до септември 1999 се направени воени злосторства: прогон и апсење, малтретирање, тортура и убиства како и злосторства против човештвото.