Почна судењето на Тачи и Красниќи – двајцата се изјаснија дека не се виновни

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Поранешниот косовски претседател и еден од основачите и член на ОВК, Хашим Тачи денеска изјави дека не е виновен и не ги признава обвиненијата од Специјалното обвинителство во Хаг.

„Обвинението е без никаква основа и јас изјавувам дека не сум виновен по ниту една од 10-те точки на обвинението“, рече Тачи, изјаснувајќи се пред судија за претходната постапка во Хаг.

Тој ги негираше обвиненијата за воени злосторства и злосторства против човештвото, извршени помеѓу март 1998 и септември 1999 година.

Тачи одговара по 10 обвиненија за воени злосторства и злосторства против човештвото. Дека не е виновен се изјасни и поранешниот претседател на Собранието на Косово, Јакуп Красниќи.

Тој изјави дека ОВК е ослободителна војска, а не криминална група како што е наведено во обвинението, подвлекувајќи дека тој не е ниту муслиман, ниту католик, туку е Албанец.