Почна уписот во средните училишта, поради протоколот учениците се запишуваат по азбучен ред

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Полуматурантите се запишуваат во средните училишта. Иако протоколот предвидува документите за аплицирање да се симнуваат од веб страната на МОН, неколкумина од нив ги пополнија во училишниот двор.

Дали е тешко?

-Не, лесно е.

Дилеми предизвика и правилото во кое се вели дека тие на кои презимето им е на буквите А, Б, В,Г и Д, документите треба да ги предадат денеска, а другите чие презиме почнуваат со буквите кои следуваат, друг ден.

Поради ова, неколкумина ученици кои денеска дошле во училиштето „Панче Караѓозов“ беа вратени назад. За ова проблематика беше известен и управата на училиштето, кои рекоа дека кога учениците биле од други градови, тие биле испратени во другиот влез.

Иако уписот беше малку комплициран за учениците, бидејќи не знаеја како да се однесуваат, сепак сметаат дека се преземени потребните мерки.

И во училиштето „Марија Кири Склодовска“ имаше средства за дезинфекција и се носеа маски. Документите се предаваа во дворот на училиштето, каде професорите исто така носеа маски.

Освен уписот, епидемијата на корона вирусот го смени и начинот на промотивите активности на средните училишта. Но, тоа не влијаеше на заинтересираноста на учениците, бидејќи како што објасни директорот Блерим Небиу, промоцијата беше направена на социјалните мрежи.

Доколку учениците кои аплицираат имаат повеќе од 70 поени, а нивниот број е поголем од бројот на активни паралелки, тогаш не се исклучува приемниот испит. Но, како ќе се одвива приемниот испит, се уште не се знае, поради тоа што се очекуваат резултатите. Меѓутоа, како што изјавија од „Панче Караѓозов“ и „Марија Кири Склодовска“, приемниот испит ќе се одвива со физичко присуство и почитување на сите протоколи, како што се носење на маски и почитување на дистанцата.